четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Само во Центар казнети 130 возачи, од нив 13 останле без возачка дозвола

Само во Центар казнети 130 возачи, од нив 13 останле без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Центар изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 8 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 16 санкции за користење мобилен телефон. Изречени се 11 мерки за непочитување на брзината на движење, 7 за непочитување на првенство на минување и 15 за непрописно паркирање.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.