среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Грција воведува брза лента на граница – доколку сте вакцинирани побрзо ќе влезете во државата

Грција воведува брза лента на граница – доколку сте вакцинирани побрзо ќе влезете во државата

Во Грција започна издавањето на дигитален сертификат за вакцинација на коронавирус на сите грчки граѓани кои што ја примиле вакцината, а по се изгледа дека сличен сертификат ќе им се бара на туристите кои што ќе сакаат да влезат во Грција.

Поседувањето на дигитален сертификат за вакцинација на коронавирусот претставува слободно движење без ограничувања меѓу регионите во земјата, а патниците кои влегуваат во земјата со сличен сертификат се очекува да бидат ослободени од тестот и карантинот.

На инсистирање на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, грчкиот дигитален сертификат содржи податоци за примената вакцина, информации за идентификација и има три нивоа на заштита – QR-код, единствен код и дигитален печат.

Мицотакис истакна дека со воведувањето на овој дигитален сертификат всушност се воведува една „брза“ лента на границите.