четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Соседите ги пријавиле: Полицијата поднесе кривични пријави за 7 лица бидејќи биле групирани

Соседите ги пријавиле: Полицијата поднесе кривични пријави за 7 лица бидејќи биле групирани

Полицијата во Радовиш поднесе кривична пријава против седум лица: М.Р.(41),В.А.(45), С.В.(44), Р.М.(31), А.Ѓ.(46), А.М.(47) и Д.А.(45)од село Ињево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 05.01.2021 во 22:20 часот, од страна на полициски службеници при Полициска станица Радовиш по пријавен настан во с.Ињево било констатирано дека пријавените лица биле насобрани во група и не ги почитувале мерките на Владата на Република Македонија и Министерството за здравство.