среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Корупцијата царува во Македонија: Историски најпоразителни резултати, пад од 45 места за 5 години

Корупцијата царува во Македонија: Историски најпоразителни резултати, пад од 45 места за 5 години

Во денеска објавениот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл Македонија е рангирана на 111-то место со 35 бодови. Ова е историски најлош резултат и е јасен показател колку е застапена корупцијата во нашата држава.

Во изминативе 5 години Македонија ги доживеа најпоразителните статистики на овие извештаи и за споменатиот период како држава бележиме пад од неверојатни 45 места!

Македонија според корупцијата во државата е на исто рамниште со Панама и Монголија. Корупцијата царува во време на владеењето на СДСМ и Македонија само тоне.

На оваа скала подобри од нас се Косово, Албанија, Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Брегот на Слонова Коска, Гамбија…

Индексот користи скала на бодови од нула (многу корумпирана земја) до 100 (некорумпирана земја). Ова место Македонија го дели со Босна и Херцеговина и Монголија. Во регионот пред Македонија се Хрватска на 63-то место, Црна Гора на 67-то, Бугарија на 69-то, Србија на 94-то и Косово на 104-то место. На врвот, првото место го делат Данска и Нов Зеланд со 88 бодови.

Следуваат Финска, Сингапур, Шведска, Швајцарија, Норвешка Холандија и Германија. Индексот рангира 180 земји и територии според нивните перцепирани нивоа на корупција во јавниот сектор, врз основа на 13 експертски проценки и истражувања на деловни директори.

За 2020 година Индексот го потенцира влијанието на корупцијата врз одговорите на владите на ковид-19, споредувајќи ги перформансите на земјите со нивните инвестиции во здравствената заштита и степенот до кој демократските норми и институции се ослабени за време на пандемијата. Индексот за перцепција на корупцијата открива дека постојаната корупција ги поткопува здравствените системи и придонесува за демократско назадување во услови на пандемијата.

Земјите кои добро се однесуваат на индексот инвестираат повеќе во здравствената заштита, се подобро способни да обезбедат универзално здравствено покритие и поретко ги кршат демократските норми и институции или владеењето на правото, се вели во Индексот за перцепција на корупцијата.

Најнови вести