На 27.01.2021 во 10:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, настанал пожар во куќата на Ш.М. од с.Батинци, при што бил опожарен долниот кат и дел од горниот кат, а со изгореници се здобил 16-годишник.
Тој бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.