среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата шири лажни вести: Индексот на корупција не мери перцепција, туку вистинска корупција

Владата шири лажни вести: Индексот на корупција не мери перцепција, туку вистинска корупција

Деновиве актуелна е темата на лошото рангирање на Македонија на Трансперенси Интернешнл кој го мери индексот на корупција. Македонија се наоѓа помеѓу земји како Косово и Колумбија што е поразителен податок и воедно означува големо ниво на корупција во земјава.

Инаку, владата преку својот ПР тим проба да ја манипулира јавноста дека индексот мери перцепција за корупција, а не права корупција во државата. Имено, според официјалната дефиниција овој индекс на корупција кој што се детерминира според стручни проценки и истражување на мислење и генерално ја дефинира корупцијата како злоупотреба на јавната моќ за приватна корист.

Индексот се пресметува како резултат на податоци од 13 различни надворешни извори. Пресметката на индексот на корупција вклучува податоци кои се продуцирани од организации како Светска банка и Светскиот економски форум како и од консалтинг компании и тинк0тенк организации.

Сите 13 извори на информации и податоци ги рангира земјите користејќи сопствена скала. Сите 13 извори на податоци кои се користени за пресметка на индексот на корупција мерат различни аспекти на корупција во јавниот сектор како на пример поткуп, манипулација на јавни фондови, ефективноста на постапките за коруптивните случаи според адекватна легална рамка, пристап до информации и заштита на свиркачи новинари и истражувачи.

Според објавениот Индекс за перцепција на корупцијата, Македонија е рангирана на 111-то место со 35 бодови, со што бележи пад од 8 места во однос на последната година.

Транспаренси интернешнл во последниот извештај за перцепција на корупцијата забележа дека Македонија продолжува да паѓа на листата. Како потсетување македонската влада постави вицепремиер задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси го издигна овој проблем во приоритетните за решавање во новиот мандат.

Најнови вести