На 74 годишна возраст синоќа почина најстариот син на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман, Мирослав.
Мирсолав починал во болница во Загреб од последици од коронавирус.
Името го добил по Мирослав Крлежа, а во Белград живеел до 1961 година, кога семејството се сели во Хрватска. Дипломирал филозофија и социологија на Филозофскиот факултет во Загреб.
Бил основач и прв директор на Заводот за информациони студии, а работел како редовен професор.