четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Радев со критики до Владата на Борисов дека не направила доволно да ја претстави позицијата на Бугарија за Македонија

Радев со критики до Владата на Борисов дека не направила доволно да ја претстави позицијата на Бугарија за Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев упати критики до Владата во Софија дека не направила доволно да ја претстави позицијата на Бугарија за Македонија на западните партнери, јави дописникот на МИА од Софија.

Тој на прес-конференција, на која даде отчет за сработеното во изминатите четири години од мандатот, изјави дека ќе се кандидира за втор мандат, заедно со потпретседателката Илијана Јотова.

-Изминатата година беше година на бурни и драматични настани, што го забрзаа текот на општествено-политичките промени кај нас. Во таа турбулентна година институцијата претседател продолжи да ги брани интересите на Бугарите. Да биде коректив и последна бариера против незаконието и лобирањето. Да става на дневен ред на важни теми, да обединува околу значајни каузи, рече Радев.

Според него, реалноста налага да има институции со јасни приоритети и предвидливост во своето работење. (МИА)

Најнови вести