недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар триумфираше против Нексе

Вардар триумфираше против Нексе

Македонскиот машки ракометен шампион Вардар забележа нова победа во СЕХА регионалната лига и тоа против хрватскиот Нексе со 27-26 .

Најефикасни кај домашните беа Филип Талески и Иван Чупиќ со по шест постигнати гола, Јотиќ постигна четири, додека голманот Борко Ристовски заврши со седум одбрани, од кои три во самиот финиш.

Кај Нексе, Кевиќ имаше седум постигнати гола, пред Јагањац и Маркушиќ со по четири гола

Следен предизвик за избраниците на Стефче Алушевски е ЛШ  и гостувањето во Порто во рамките од елитното европско натпреварување, меч кој ќе се одигра на 4 февруари.

foto : gol.mk