вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бројот на вакцинирани во светот го надмина бројот на заразени, Македонија уште ги чека првите дози

Бројот на вакцинирани во светот го надмина бројот на заразени, Македонија уште ги чека првите дози

Ниту една вакцина досега не е пристигната во Македонија. Најавите за први дози се одложуваат и пролонгираат. И додека светот се вакцинира, последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со коронавирусот покажа дека во земјава има зголемување на новозаболени лица од 17,9 проценти.

Според извештајот за 41,4 проценти е намален и бројот на оздравени пациенти.

Првите вакцини од компанијата Астра Зенека во Македонија ќе пристигнат во март, а во меѓувреме според најавите од властите, СЕ ОЧЕКУВААТ вакцините и од други производителите во текот на овој месец.

Додека Македонија чека, бројот на луѓе кои се вакцинирале против Ковид-19 на глобално ниво го надмина вкупниот број на заразени случаи во светот.

ТАСС објавува дека врз основа на анализа на официјалните податоци и медиумските извештаи, во светот се вакцинирани најмалку 105,1 милион лица, додека вкупно заразени од коронавирус се околу 103,9 милиони луѓе.

Најголем број вакцинирани се во САД (33,7 милиони), потоа следуваат Велика Британија (10,2 милиона) и Израел (5,05 милиони).

Во Израел вакцинирани се 56,86 отсто од вкупното население, во Обединетите Арапски Емирати 38,83 проценти, а на Сејшелските Острови 36,25 отсто.

Најнови вести