четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германија: Ако сега се укине карантинот, ќе има трет бран

Германија: Ако сега се укине карантинот, ќе има трет бран

Премиерот на сојузната германска држава Баварија, Маркус Седер изјави дека е прерано да се укине карантинот во Германија, а да не се ризикува појава на трет бран зараза со Ковид-19.

– Мислам дека засега мора да биде продолжен карантинот. Замислете се да отвориме, тогаш во рок од две до три недели можеби ќе бидеме во полоша ситуација од претходно, посочи Седер.

Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на 16 сојузни држави в среда на виртуелен состанок ќе разговараат дали од 15 февруари ќе укинат дел од рестриктивните мерки или ќе го продолжат карантинот, што беше воведен во средината на декември минатата година.

Од почетокот на пандемијата во Германија регистрирани се над 2,2 милиони луѓе заразени со Ковид-19 и пвеќе од 62.000 смртни случаи.