четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Апелација ја преиначи казната за сообраќајката кај Млечен- еве каква казна доби возачот

Апелација ја преиначи казната за сообраќајката кај Млечен- еве каква казна доби возачот

Апелациониот суд ја преиначи казната за сообраќајката кај Млечен ресторан и одлучи Васил Чорбаџиев да оди две години и два месеци во затвор.

Исто така доби и забрана да управува со возило.

Станува збор за сообраќајната несреќа од октомври пред две години што ја предизвика Чорбаџиев кога со неговиот автомобил преминал преку две полни ленти, вртејќи во забранет правец.

Во сообраќајката загина, Гоце Димитриевски кој во тој момент управувал со мотор.

Неговата сопруга Наташа се здоби со тешки телесни повреди и го загуби плодот.

Лани во септември, првостепениот суд го осуди Чорбаџиев на условна казна што предизвика револт кај роднините на жртвите и кај целата јавност.

Пет месеци подоцна Апелација ја преиначи првостепената пресуда.

Најнови вести