понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Борис Новковиќ си ја отвори душата: Мојот син има аутизам, се борам за него

-Јас на тоа гледам од повеќе призми. Едната призма е дека секој има избор да живее каков живот сака. Родителството за мене е света работа, вели пејачот за хрватските медиуми.
Борис Новковиќ си ја отвори душата: Мојот син има аутизам, се борам за него

Хрватскиот пејач и кантавтор Борис Новковиќ и неговата поранешна сопруга Луција веќе осум години се борат со здравствените проблеми на синот Ное.

Тој пред неколку месеци откри дека неговит син има аутизам. Новковиќ во јавноста прозборе колку е тешко да се бориш со оваа болест. Дека е свесен дека неговото дете специјални потреби, но дека мора да се носи со тоа.

Тој раскажал колку бил скршен откако ја дознале дијагнозата, но дека колку и да било тешко, знаел дека мора да се оди понатаму. Сепак, рекол, сè во животот си има некоја причина.

-Јас на тоа гледам од повеќе призми. Едната призма е дека секој има избор да живее каков живот сака. Родителството за мене е света работа, вели пејачот за хрватските медиуми.

Борис поради болеста на синот ја запостави својата кариера, но тоа е најмалку важно, рекол, оти најважното е детето да биде добро и да не му недостига ништо.

-Добро ми дојде малку да паузирам во кариерата. Најдрагоцено ми е да го поминувам времето со Ное. Тоа може да се замени со ништо во животот, вели Новковиќ и откри колку ова животно искуство го направи посилен.

-Се тоа ме направи посилен човек. Се што поминав, без разлика дали е добро, лошо,за се постои некоја причина. Не сме на овој свет за да бидеме музичари, уметници, архитекти туку да учиме од вакви тешки ситуации, вели тој.

Најнови вести