Полициски службеници од СВР Велес вчера во 20 часот ги лишиле од слобода 30-годишниот К. Г. и 36-годишнит Љ.Ј., двајцата од Велес, затоа што 15 минути претходно со закана се обиделе да извршат разбојништво во продажен објект во градот, информира портпаролот Верољуб Додевски.
-Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава,најави Додевски.
Додевски воедно информира и дека околу 13 часот во СВР Велес, 32-годишниот Н.П. од Велес пријавил дека бил физички нападнат на ул „Тодор Христов – Офицерчето“ од страна на 30-годишниот К.Г. од Велес.
-По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, најави Додевски.