среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Јунајтед без Погба ќе биде подолго време

Манчестер Јунајтед без Погба ќе биде подолго време

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед ќе биде без Пол Погба на гостувањето кај ВБА во недела во рамките на 24 коло од англиската Премиерлига.

Составот на фаворитот ќе биде подзасилен на некој начин со дефанзивецот Ерик Баји, кој ќе се стави на располагање на тренерот Оле Гунар Солшер, откако претходното коло составот на Норвежанецот ремизираше дома со Евертон со 3-3.

Погба е вон комбинација за настап, Баји се врати на тренинзите и тоа е одлично за нашиот тим“ рече Солшер на англиските медиуми.

Очекувањата се Погба да отсуствува од терените неколку недели по повредата која ја здоби во ремито против Евертон.