недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Кире Лазаров : Без никакво размислување го прифатив овој голем предизвик

Кире Лазаров : Без никакво размислување го прифатив овој голем предизвик

Македонската машка ракометна репрезентација доби нов селектор, во името на Кирил Лазаров. Бекот со најистакната и најуспешна кариера во историјата на земјава, ќе го преземе кормилото на националната  селекцијата.

Лазаров доби договор на една година, додека ја добие мастер-коуч дипломата, а потоа истиот ќе биде продолжен на уште четири.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот на РФМ и Управниот одбор без никакво размислување го прифатив овој голем предизвик за мене. Никогаш не сум ја одбил Македонија, така беше и овојпат. Ни следи голема одгорворност и една успешна авантура. Бидејќи секогаш сме во активна сезона, со претседателот на ракометната федерација разговоравме доста овој период, имаме слични размислувања, што се однесува до мојот стручен штаб, сè уште сум во преговори со потенцијални соработници.

Со претседателот се договоривме дека јас би бил активен и како играч,  бидејќи нè чекаат големи битки на кои треба да одговориме квалитетно, направивме стратегија и заклучивме дека треба да го задржиме континуитетот на големите натпреварувања, значи учество на Европското првенство следната година, како и учество на Светското првенство“, рече Кире.

Лазаров е активен ракометар на Нант, а самиот тој најави дека нема одлука околу неговата кариера. Како најуспешен ракометар во историјата, Лазаров ја доби шансата и довербата да го преземе кормилото на селекцијата и ќе работи со подмладениот тим со кој располагаше Данило Брестовац.

foto: gol.mk