петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

60 годишен маж се задоволувал пред зграда каде го гледале малолетници- еве што следувало откако дошла полицијата

60 годишен маж се задоволувал пред зграда каде го гледале малолетници- еве што следувало откако дошла полицијата

На 12.02.2021 Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против З.П.(60) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „задоволување на полови страсти пред други“, предвидено и казниво по чл.190 од Кривичниот законик.

Пријавениот кривичното дело го извршил на 03.02.2021 околу 12.00 часот, пред зграда на ул.„Беровска“ каде имало малолетници, по што бил забележан од страна на Р.Л.(53), која го избркала и го пријавила настанот.

Истиот ден З.П. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, за настанот бил известен Јавен обвинител, а З.П. бил изведен пред Судија на претходна постапка.