По скоро седумчасовно патување, со попатно застанување во Череповец, нашиот сениорски кошаркарски национален тим пристигна во градот под Урал каде ги дочека ладно време и температура од -17 степени целзиусови.
Откако на аеродромот во Череповец минаа час и половина за дополнување на гориво, но и за средување на оној административен дел од патувањето (проверка на влезните визи за Русија) „црвено-жолтите“ имаа уште едно полетување, но сега кон крајната дестинација – Перм.
По час и половина летање, и кратко задржувае на аеродромот во градот под Урал, и автобускиот превоз, нашата експедиција се смести во хотелот „New Star“.
Таму ќе биде се до 23 февруари, до завршувањето на т.н. „балон“ на ФИБА кој е во рамки на квалификациите за пласман на ЕП.
Македонија стартува со натпревари на 18 февруари против Италија, а потоа следи мечот со Русија на 19 февруари, повторно со Италија на 21 февруари и Естонија 22 февруари.