Најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан ќе донира 10 милиони долари за изградба на две болници.
Џордан парите ќе ги донира во родниот град Вилмингтон во Северна Каролина, за да се изградат две болници.
Мајкл во 2017 година донираше 7 милиони долари на Вилмингтон, кога исто така беа изградени две болници.
Богатството на сопственикот на Шарлот Хорнетс во моментот се проценува на 2,2 милијарди долари.