среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Уапсен Буба Корели

Уапсен Буба Корели

Раперот Амар Хоџиќ, познат како Буба Корели е уапсен по вчерашното пукање во Сараево во кое повредени се две лица, пренесува порталот Аваз.

Лицата не биле повредени од огнено оружје, туку во физичка пресметка, потврдила полицијата. Уапсениот рапер се сомничи за предизвикување општа опасност, носење оружје и нанесување тешки телесни повреди.

За време на апсење бил извршен претрес во неговиот автомобил, а уапсен бил и роднина на Амар кај кого полицијата пронашла два пиштоли.

Најнови вести