Тие секогаш бараат мудрост. Го кажуваат тоа што го мислат и ја кажуваат вистината. Нескротливи и интелектуално независни. Секогаш го следат својот пат.
Тие се Водолии!
Тие се независни личности, а секој обид да ги ограничите за нив е провокација за бегство. Тие сакаат да бидат слободни. Независноста не е само нивна желба, туку и нивен извор на среќа. Нивната ладна надворешност крие пријателско срце кое сака да им помогне на своите пријатели. Тие сакаат кога луѓето се среќни и весели и секогаш се трудат да направи сѐ за другите да се чувствуваат добро.
Тие не бараат ништо за возврат. Единствено што им е важно е никој да не им ја ограничува слободата за да живеат целосно слободни.
Тие сакаат да направат нешто корисно во животот. Комуникација со луѓето може да им помогне да бидат одлични политичари, социјални работници или психолози. Тие се прогресивни мислители и често влијаат на создавање на нови идеи и теории.
Водолијата постојано бара мудрост. Тие секогаш го кажуваат она што го мислат и ја кажуваат вистината. Речиси секогаш се објективни и не дозволуваат чувствата да му го заматат умот. Понекогаш вистината можеби боли, но Водолиите секогаш ќе ви ја кажат вистината. Тие се визионери, нескротливи и интелектуално независни. Водолијата секогаш го следи својот пат.
Секогаш бара интелектуална стимулација и постојано открива нешто ново и формира нови мислења. Тие се полни со парадокси. Сакаат да бидат сами, но сакаат да бидат и во големо друштво. Имаат одлични социјални вештино. Некои луѓе можеби ќе кажат дека тие носат две личности во себе.
Но, во секој случај, баш тоа е она што ги прави посебни.