Градоначалникот на Неготино, Тони Делков на својата официјална Фејсбук страница објави дека е позитивен на коронавирусот.
Почитувани сограѓани, и покрај почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот чувствувам обврска да Ве информирам дека по извршениот тест за КОВИД 19 резултатот е позитивен, стои во неговиот Фејсбук статус.
– Изразувам длабоко извинување до сите со кои изминатиот период имав контакт и уште еднаш апелирам почитувајте ги мерките и препораките за заштита од коронавирусот. Гарантирајки ја здравствената сигурност на граѓаните до завршување на периодот на лекување и изолација работните обврски ќе ги извршувам од дома, пишува тој.