понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Столтенберг брифиран од Коѕијас за името

Столтенберг брифиран од Коѕијас за името

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека НАТО го поздравува фактот што има разговори помеѓу Скопје и Атина во обид да се најде заеднички прифатливо решение за спорот со името.

– Ние го поздравуваме фактот што сега има разговори помеѓу Скопје и Атина во обид да се најде заеднички прифатливо решение за спорот со името. Грчкиот министер за надворешни работи не брифираше за напорите на тие средби, рече изјави Столтенберг на новинарско прашање, јави дописничката на МИА од Брисел.

Позицијата на НАТО, според него, е јасна.

– Штом спорот со името е решен ние сме подготвени да ја поканиме поранешната југословенска Република Македонија да стане членка на НАТО. Тоа многу зависи од проблемот со името, овој тежок проблем не беше решен во текот на многу години, но сега има нова шанса, нови напори од Скопје и Атина и се надевам дека ќе најдат пат за успех и пат за решавање на проблемот, рече тој.

Во Брисел денеска се одржа редовниот состанок на шефовите на дипломатиите на НАТО.

По средбата генералниот секретар на НАТО Столтенберг изјави дека НАТО останува на политиката на отворени врати, а на средбата се разговарало за Босна и Херцеговина, Македонија и за Украина.

МИА

Најнови вести