недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Денес се играат средбите од 19.коло во ПМФЛ, дербито е во Скопје

Денес се играат средбите од 19.коло во ПМФЛ, дербито е во Скопје

Денес се играат средбите од 19 коло во Првата македонска фудбалска лига. Во дербито на колото во Скопје Вардар го пречекува битолски Пелистер.

На гости Пелистер сезонава има само два триумфа, додека Вардар на домашен терен запиша три победи на девет средби. Дуелот во Скопје се игра од 14 часот.

На останатите средби се среќаваат Силекс-Шкендија, Борец – Шкупи, Струга-Македонија ЃП, Ренова-Беласица додека претходно се одигра средбата, Академија Пандев – Работнички 0-1.