Македонската машка кошаркарска репрезентација се надева на пласман на Европското првенство по дешениот триумф над Италија со 87-78, со што „црвено-жолтите“ стигнаа до првата победа во овие квалификации во Перм.
Еден од подобрите кошаркари во нашиот состав е натурализираниот Македонец, Џејкоб Вајли кој овој натпревар го заврши со 13 поени и 7 скока, од кои четири во нападот.
„Одличен одговор во однос на претходниот меч со Италија и двата пораза во Перм. Противникот има одлични шутери, одличен тренер, ги знаевме тие работи, но се вративме во второто полувреме, подобро комунициравме меѓу себе, стегнавме во одбраната и тоа донесе резултат. Македонија има прекрасна група кошаркари кои сакаат да играат заедно и врвен стручен штаб кој одлично ни ги подготвува натпреварите. Сите добро знаеме што треба да правиме на теренот. Не е важно што немавме многу време заедно да тренираме, секој го прави она што му е задача и тоа придонесува за подобрување на атмосферата“ – изјави по мечот Вајли