Финалето на Европското првенство во фудбал на кое свое учество ќе земе и нашииот национален тим секако планирано е да ќе се игра на „Вембли“ во Лондон, но Англичаните посакуваат целокупното Европско Првенство да се игра во нивната земја, и веќе според информациите на медиумите во Европа испратиле писмо до УЕФА.
Првенството кое требаше да се игра минатата година, поради пандемијата на коронавирус, беше одложено за оваа лето, и засега УЕФА ја нема сменето одлуката да се игра на стадиони во 12 различни градови низ Европа.
Но, одлуката не е конечна и неизвесноста околу тоа каде ќе игра Македонија на историското деби, уште трае.
Според англиските медиуми, Велика Британија понудила цело првенство да се игра кај нив. Направен е план со кој наскоро навивачите ќе се вратат на стадионите. Премиерот Борис Џонсон ќе ги објави датумите за вакцинација на возрасната популација, а последниот рок до кога сите во неговата земја ќе мора да примат вакцина е 31 јули. ЕП треба да почне на 11 јуни.