Европскиот фудбалски шампион Баерн Минхен иако во Рим кај Лацио допатува без комплетен скоро прв тим без Серж Гнабри, Томас Милер, Даглас Коста, Бенжамин Павар, Корентин Толисо и Нубел, забележа висока и убедлива победа од 4-1 и речиси е прв сигурен четвртфиналист во најелитното фудбалско друштво.
Интересно, на 3 дена пред својот 18-ти роденден, бисерот на Баерн Минхен, Џамал Мусиала го постигна првиот свој гол во Лига на шампиони со само 17 години. Тој е роден во Штутгарт од татко британски Нигериец и мајка Германка и настапува за англиската фудбалска репрезентација до 21 година.
Атлетико и Челси играа во Букурешт поради тоа што Шпанија и други европски земји забранија влез за британски државјани по откривањето на новиот сој на коронавирусот.
По голема борба, „сините“ од Лондон победија со 1-0 со евроголот на Жиру со ножички кој прво беше поништен поради наводен офсајд па потоа признат како регуларен погодок.
Лига на шампиони, 1/8 финале, први натпревари:
ЛАЦИО – БАЕРН МИНХЕН (0:3)
Кореа 49′- Левандовски 9′, Мусијала 24′, Лирој Сане 42′, Ачерби 47′
АТЛЕТИКО МАДРИД – ЧЕЛСИ 0:1 (0:0)
/Оливие Жиру 71