Во инфаркт натпревар вчера во Калчо лигата, Јувентус успеа да стигне до голема и важна победа во дербито на Италија, против Интер.
И тоа каква победа, со пресврт за две минути, со голови во мрежата на Интер во 87 и 89 минута. Прво сопствената мрежа ја погоди дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар, а конечните 2:3 ги постави Гознало Игуаин.
Сепак, покрај головите мечот го обележа и дивјачкиот, крвничкиот старт на Уругваецот Матијас Весино над Марио Манџукиќ.
Манџукиќ беше намерно нагазен со копачка по потколеницата од страна на фудбалерот на Интер.
Судијата прво не го забележа тоа, но му јави судијата кој го гледа натпреварот од контролната соба. Откако ја погледна ситуацијата, Орсато го извади црвениот картон.
Потполно заслужена казна за Уругваецот.
Инаку, и покрај овој страшен старт, Манџукиќ продолжи да игра и тоа со раскрварени рани на ногата.