понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 21 загинат во двоен самоубиствен напад во Кабул, многу загинати новинари

Најмалку 21 загинат во двоен самоубиствен напад во Кабул, многу загинати новинари

Најмалку 21 лице загина и над 27 се ранети при двоен самоубиствен напад во авганистанската престолнина Кабул, информираат од авганистанското Mинистерство за здравство.

При втората експлозија има многу настрадани новинари, јавуваат локалните медиуми.

Првиот напад беше извршен недалеку од централата на авганистанското разузнавање од терорист со мотор.

Вториот самоубиец се претставил како репортер и се разнел сред групата репортери, дојдени да информираат за првиот напад.

„Франс прес“ потврди дека меѓу загинатите е и нивниот фоторепортер Шах Марај.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите. Локалниот огранок на Исламската држава (ИД) и талибанците често извршуваат  напади во државата. Талибанците најчесто ги напаѓаат владините служби и силите за безбедност, а ИД атакува на шиитското малцинство.И двете групи сакаат да воспостават строго исламска власт во Авганистан.

Пред една недела беше нападнат пункт за регистриране на гласачи, при што беа убиени 60 лица. Претставници на безбедносните сили  предупредуваат за опасноста од бран напади пред парламентарни избори, кои треба да се одржат во октомври.

Централата на авганистанското разузнавање беше цел на самоубиствен напад и во март. Атентаторот ја премина полициската бариера пешки и се разнесе на влезот на централата.