На 04.03.2021 во 13.45 часот во Полициското одделение Нов Дојран било пријавено дека во кругот на правен субјект во село Николиќ, Д.Ј.(29) од Гевгелија, управувајќи работна машина, удрил во С.С.(47) од село Фурка, вработен во истиот правен субјект.
-С.С. починал на местото на настанот, а смрт констатирала медицинска екипа. Увид на местото извршиле Јавен обвинител, инспектор од Државен инспекторат за труд и екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија, информира МВР.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.