Тимот на Работнички ја забележа третата победа во регионалното натпреварување, откако од почеток до самиот крај доминираше во пресметката со Сутјеска и ја совлада со 84-62.
Кошаркарите на тренерот Мираковски не му дадоа никаква шанса на црногорскиот претставник и заслужено победија на овој меч/
Работнички стартуаше фуриозно и наметна ритам со 10 поени разлика во првиот период (26:16), продолжи во исто темпо и до крајот на првиот дел за плус 12, а во второто полувреме само ја потврди победата.
Филип Бундовиќ беше најефикасен денеска со 18 поени, Мирко Мулалиќ имаше еден помалку, додека Питс одигра важна улога со своите 11 поени и 9 скокови во двата рекети.