Кошаркарот на Јута џез, Мајк Конли, ќе го замени кошаркарот на Феникс Санс, Девин Букер во составот на Кевин Дурент за „Ол-стар“ натпреварот на НБА лигата, соопштено е на официјалниот Твитер .
Букер нема да може да учествува на Ол-стар натпреварот поради повреда. Токму Конли ќе го замени Букер и во натпреварот во шутирање тројки.
„Ол стар“ мечот ќе се одржи во Атланта .
За 33-годишниот Конли, учеството во мечот на ѕвездите ќе биде прво во неговата кариера.