Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров конечно по пет натпревари запишаа победа во македонскиот фудбалски шампионат откако на домашен терен го победија Силекс со 1-0 .
Триумфот за „лавовите“ го донесе Лудвиг Коџа кој го постигна дебитанскиот гол во дресот на Македонија ЃП во 20. минутa од мечот.
Македонија останува на третото место на табелата со 38 бода, шест повеќе од Струга Трим Лум, а само два бода помалку од второпласираниот Шкупи. Силекс останува на само шест победи во 22 натпревари и затоа нема да се помести од деветтото место со само 23 бода, два повеќе од екипите кои се во црвената зона.
Утре од 14 часот се среќаваат: Шкендија – Ренова, Вардар – Струга Трим Лум, Шкупи – Работнички, Пелистер – Борец, Беласица – Академија Пандев.