понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Бура ги погоди Германија, Франција, Белгија и Луксембург

ВИДЕО: Бура ги погоди Германија, Франција, Белгија и Луксембург
илустрација

Голема бура ја погоди Германија, Франција, Белгија, Луксембург оставајќи домаќинства и улици поплавени, а денеска се движи кон Данска.

Пожарникарите испумпуваат вода од подрумите и често поплавените патишта и тунели откако бурата денеска зафати делови од западна Германија, пренесува АП.

Градот Ахен во западна Германија е најлошо погоден од бурата.

Спасувачките служби, наведува агенцијата примили илјада повици од тој регион, а полицијата во тој град соопштила дека немало повредени луѓе во невремето.

Со тешки врнежи од дожд и град се погодени Франција, Белгија и Луксембург, а агенцијата наведува дека бурата денеска се движи кон Данска.

Такво невреме во овие краишта често се гледа за време на летото и не е случај во пролет, но сепак изминативе денови во западна Европа беше изненадувачки топло.