петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јапонија: 10 години од разорниот земјотрес од 9 степени во Фукушима

Јапонија: 10 години од разорниот земјотрес од 9 степени во Фукушима

Јапонија денеска одбележува 10 години од замјотресот и цунамито кои однесоа близу 20.000 животи.

Роднините и блиски на загинатите, оддадоа почит молејќи се за своите блиски.

Царот Нарухито и премиерот  во текот на денот ќе оддадат почит со минута молк на меморијалната церемонија, јавува АП.

Големи бранови предизвикани од земјотрес со јачина од 9 степени, еден од најсилните забележан во историјата, завршија на североисточниот брег на Јапонија оштетувајќи ја електраната Фукушима. Поради радијација евакуирани беа над 160.000 жители.

Владата потроши околу 300 милијарди долари за обнова на региониот кој беше уништен од цунамито, но пристапот во подраќјето околу Фукушима се уште е забранет