Центарот за управување со кризи известува дека од ДЗС Битола во текот на вчерашниот ден, околу 17:15 часот на ул.Дабарска во Битола, од страна на овластен пиротехничар била подигната артилерски граната од 155 мм од Прва Светска Војна.
-Исто така, на ден 14.03.2021 година во 18,20 часот од страна на ПС Гостивар е добиено известување, дека во Горна Бањица во Гостивар при ископ на темели од куќа се пронајдени две неексплодирани гранати. За настанатата состојба известен е овластен пиротехничар од ДЗС Тетово за понатамошна постапка, информираат од ЦУК.