На 14.03.2021 околу 18:00 часот во СВР Тетово, Л.Е.(33) од гостиварска Горна Бањица пријавил дека во руиниран помошен објект пронашол две гранати калибар 82 милиметри, кои најверојатно потекнуваат од Втората светска војна.
Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, а гранатите се подигнати и безбедно транспортирани од Дирекцијата за заштита и спасување.