сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Обвинети дилери на марихуана од гостиварско Здуње

Обвинети дилери на марихуана од гостиварско Здуње

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица од гостиварското село Здуње, кои се товарат за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

– Првиот обвинет од засега непознато лице набавил 13,02 грама марихуана, спакувана во 21 помало пакување. Дрогата му ја дал на вториот обвинет со намера да ја препродаде. На 1 јануари, во селото Здуње, вториот обвинет бил затекнат од полициски службеници. Кога се обиделе да му извршат проверка, тој пружил активен отпор и се дал во бегство. Бил стигнат и совладан, па кај него била пронајдена дрогата која веднаш била одземена, се вели во соопштението од ОЈО.

Со цел непречено водење на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Гостивар доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.​​