Тројца Македонци со потекло од Мала Преспа се најдоа на кандидатските листи за пратеници за престојните парламентарни избори во Република Албанија.
Во Албанија на 25 април ќе се оддржат парламентарни избори, а Македонците ќе можат да гласаат за нивни претставници, односно Македонци кои се на три различни листи во овој избирачки процес.
Имено, на листата на опозициската Демократската партија на Лулизим Баша кандидат за пратеник е Кичо Тане.
На листата на Социјалистичкото движење за интеграција ќе биде Панди Јани.
И на листата на Социјалистичката партија на Еди Рама ќе биде претседателот на МАЕИ Васил Стерјовски, доскорашен пратеник во албанското Собрание.
И тројцата кандидати се Македонци и со потекло од Мала Преспа и за пратенички мандат ќе се тркаат во округот на Корча. Она што е интресно е што и тројцата се најдоа на последното место на овие листи, односно на 12то место.