четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Куманово поразен на гостувањето кај Академик

Куманово поразен на гостувањето кај Академик

Кошаркарите на Куманово претрпеа нов пораз во БИБЛ регионалната лига, втор од бугарски Академик со што ги загубија и минималнте шанси за завршницата во оваа натпреварување.

Домашниот тим славеше со убедливи  96-68, резултат кој јасно покажува што се случуваше на теренот на овој натпревар.
Академик беше супериорен, првиот дел го доби со 46-28, додека во вторите 20 минути дополнително ја зголеми разликата.

Ѓекиќ со 12 и Андрејевиќ со 10 поени беа први стрелци кај македонскиот тим а пак Минков со 16 го предводеше победничкиот состав.