вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Предраг Самарџиски се врати на кошарката

Предраг Самарџиски се врати на кошарката

Поранешниот македонски репрезентативец Предраг Самарџиски се врати на кошарката после една година пауза во која немаше клуб поради пандемијата со коронавирусот.

34 годишниот Самарџиски ќе игра во турскиот второлигаш Јени Мамак.Овој тим доаѓа од предградието на Анкара и во овој момент е на осмата позиција во втората турска лига со скор 12:10. Тоа е последното место кое води во плеј-офот за пласман во повисок ранг.

Самарџински сезонава нема настап, а во минатата одигра 18 за Самсунспор, кој е клуб исто така од втората турска лига.