четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

По смртта на неговата мајка, Роналдињо тргнал на лош пат: Пријателите откриваат зошто се загрижени за него

По смртта на неговата мајка, Роналдињо тргнал на лош пат: Пријателите откриваат зошто се загрижени за него

Роналдињо е погоден од смртта на неговата мајка, пријатели на поранешниот фудбалер велат дека тој пие од утро до зори и се дружи со луѓе кои не му мислат добро, пренесе 24Фудбал.

Легендата на Бразил минатиот месец ја загуби својата мајка, која почина од ковид-19. Смртта на Мигелина Елои Асис дос Сантош го погоди Роналдињо кој тргнал на лош пат.

-Секој ден е журка. Роналдињо од рано наутро почнува да пие водка, виски и џин и престанува дури во зори следниот ден,  вели пријател на поранешниот фудбалер.

„Работите се влошија по смртта на неговата мајка. Опркужен е со луѓе кои не му мислат добро“.