Ветеринари го откриле првиот случај на зараза со британскиот сој на коронавирус кај мачка која живее во семејство во Новара, Италија.
Сопствениците на домашното милениче се во карантин поради Ковид-19, а како што тврдат ветеринарите, мачорот кој се заразил од сопственикот имал исти симптоми како луѓето.
Директорот на Зоо Институтот, Анџело Ферари потврдил дека заразата поминала од луѓето на животните, а необратно и дека животните не се преносители на инфекцијата.