среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Серхио Рамос се повреди

Серхио Рамос се повреди
1293027806

Актуелниот шпански фудбалски шампион Реал Мадрид на гостувањето од 16.15 часот кај Селта во Виго ќе биде ослабен со неиграњето на капитенот Серхио Рамос.

Рамос не е на пријавната листа за мечот, бидејќи се повредил на тренинг и се работи за повреда на потколеницата на левата нога, и со него нема да се ризикува, иако повредата не е многу сериозна.

Освен Рамос, на листата на повредени се и Карвахал, Одриозола, Азар и Маријано Дијас.

Оваа повреда на Рамос може да значи дека тој нема да игра ни за репрезентацијата на Шпанија во претстојниот циклус, а би се вратил во април кога на Реал му претстојат сериозни предизвици, во рок од 8 дена ќе треба да игра три многу тешки натпревари двапати со Ливерпул во ЛШ и еднаш со Барселона во фудбалскиот шампионат на Шпанија.