сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Се возеле со автомобил за време на полициски час- кривична за 3 лица

Се возеле со автомобил за време на полициски час- кривична за 3 лица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе до ОЈО Свети Николе поднесе кривична пријава против М.И.(25), С.М.(18) двајцата од с.Тркање, кочанско и малолетник од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавените на 11.03.2021 околу 22.20 часот на регионалниот пат Свети Николе-Штип, додека се движеле со возило, биле пресретнати и контролирани од полициски службеници од ОВР Свети Николе, при што не поседувале дозвола за движење за време на полициски час, спротивно на мерката донесена со Одлука на Владата, со која се забранува движењето на населението и на возила од јавен превоз во временски период од 22.00 до 05.00 часот, со цел спречување на внесување и ширење на коронавирусот ковид-19.