недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ѓеорѓиевски: На Кисела вода и треба визија и градоначалник кој ќе биде татко на сите

Ѓеорѓиевски: На Кисела вода и треба визија и градоначалник кој ќе биде татко на сите

Орце Георѓиевски организационен секретар за изборна единица еден на ВМРО ДПМНЕ гостуваше во денешната емисија на радио Лидер ,,Филибастер” каде кажа дека на општина Кисела Вода и треба визија за подобра иднина на граѓаните и дека треба да се поаѓа првенствено и само од интересите на граѓаните.

– Да имаме прогрес нас ни треба отворена општина и транспарентно работење кое за жал изминативе 3 ипол години не можеме да го видиме. Нас ни треба општина која што ќе биде во директна комукинација со секој еден наш сограѓанин и ќе поаѓа секогаш од интересот на граѓанинит на прво место и семејството на прво место.

Орце Георѓиевски организационен секретар за изборна единица еден на ВМРО ДПМНЕ потенцираше дека на Кисела Вода и треба човек кој ќе ја води општината и ќе биде татко на сите без да ги дели граѓаните по ниту една основа и секогаш да ги става потребите на граѓаните во прв план.

Ќе поаѓа секогаш од потребата на граѓанинот. Нас ни треба човек кој што ќе ја води таа општина кој што ќе биде достапен постојано за сите наши сограѓани и нема да ги дели по партиска припадност ниту по национална. Нас ни треба човек кој што ќе биде татко на сите. Човек кој што ќе биде достапен на терен но истовремено ќе остварува и средби во сите месни заедници заврши Георѓиевски.

Најнови вести