петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Филипче скаран со вакцините, освен што нема за КОВИД-19, нема вакцина ниту за ХПВ

Филипче скаран со вакцините, освен што нема за КОВИД-19, нема вакцина ниту за ХПВ

Министерот за здравство Венко Филипче очигледно дека е скаран со вакцините. Освен тоа што граѓаните поради неспособноста на министерот за здравство Венко Филипче не можат да се заштитат од КОВИД-19 бидејќи не набавува вакцини, родителите апелираат повеќе од два месеца дека нема на располагање вакцини против хуман папилома вирус (ХПВ) во земјава.

Овие вакцини се задолжителни и според програмата, имунизацијата се врши со давање две или три дози на вакцината на сите женски деца со наполнети 12 години. Дозите се аплицираат на соодветни временски растојанија, во согласност со Календарот за имунизација.

-Поради својата здравствена состојба, ќерка ми од пред два месеца има препорака од лекар да се вакцинира со ХПВ-вакцина. Оттогаш, значи два месеца, секојдневно ја барам вакцината низ здравствените домови. Никаде ја нема, ниту лекарите знаат кога би ја добиле. Станува збор за вакцина која многу родители ја одбија, плаќајќи и парични казни. Ние мораме да ја ставиме, сакаме да ја ставиме, но државата не ни ја обезбедува. Која иронија е тоа, вели загрижен родител од Скопје за „360 степени“.

Вакцините против хуман папилома вирусот дека ги нема потврдува и директорот на Здравствениот дом-Скопје, Виктор Исјановски. Тој во краток телефонски разговор за „360 степени“ посочи дека од Нова година наваму ХПВ-вакцини нема, а подетален одговор за овој проблем треба да даде министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче во јануари месец оваа година на една утринска програма на националната телевизија убедливо велеше дека граѓаните мора да се свесни дека само преку вакцинација може да се искорени и победи болеста и тоа е единственото сигурно оружје. Но како некоја болест или пак КОВИД-19 да се победи кога нема вакцини? На ова прашање очигледно одговор нема и нема да има, бидејќи за министерот за здравство Венко Филипче, па и за самата власт секогаш другите се виновни, а тие не се, а за таквото однесување единствено страдаат граѓаните.

И додека министерот за здравство Венко Филипче апелира граѓаните да се вакцинираат иако нема вакцини ниту за обичен грип, опозицијата критикува дека со ваква несериозност се штети по јавното здравје, и за тоа мора кривично да одговара министерот за здравство па и целата влада.

Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ во вчерашното гостување на радио „Лидер“ додаде дека Филипче треба да си даде оставка за тоа што нема набавено вакцини за населението, а свесно ги лажеше граѓаните. Потребно е да сноси кривична одговорност. Дури и во момент кога ЕК најавува вакцинални пасоши како официјален документ за цела Европа, во Македонија за министерот за здравство примена вакцина е класифицирана информација.

-За тоа ние во Собрание вчера имавме прес конференција и јас лично излегов, рековме дека и денеска ќе го поднесеме до собраниската Комисија за здравство барање за декласификација на информациите за тоа кои лица се вакцинирани. За тоа што ние, не само ние, јавноста има сознание дека се вакцинираат политичарите од власта, истакна Лефков.

Најнови вести