понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кастро и Дијас-Канел за прв пат во јавност на парада во Хавана

Кастро и Дијас-Канел за прв пат во јавност на парада во Хавана

Лидерот на Комунистичката партија на Куба, Раул Кастро и неодамна избраниот претседател на државата, Мигел Дијас-Канел ја предводеа парадата за 1 мај во Хавана.

Тие за прв пат се појавија заедно во јавност со обид да покажат континуитет и единство на оваа островска држава, пренесува Ројтерс.

-Ова се луѓе на Фидел и Раул, а денес и на Дијас-Канел, рече официјалниот спикер на парадата.

На плоштадот на Револуцијата се собраа повеќе стотици илјади луѓе од кои многумина носеа постери со ликот на покојниот Фидел Кастро.

Кастро и Дијас-Канел заедно се качија на бина на која беа и други лидери на младите генерации вклучувајќи го и министерот за надворешни работи, Бруно Родригес и потпретседателот Мерседес Лопес Ачеа.

Дијас-Канел на 19 април беше избран за наследник на Раул Кастро кој заедно со својот брат беше на чело на Куба шест децении, а кубанските лидери настојуваат да истакнат континуитет и единство на земјата.