вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Клоп: Пласман во финалето ќе биде неверојатно достигнување

Клоп: Пласман во финалето ќе биде неверојатно достигнување

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, истакна дека пласманот во финалето од Лигата на шампионите би било неверојатно достигнување за неговиот тим, бидејќи никој на почетокот од сезоната не го очекувал тоа.

Ливерпул на првиот полуфинален натпревар на „Енфилд“ ја совлада Рома со 5:2.

– Гледам голем напредок кај моите играчи, кои одиграа многу возбудливи натпревари. Во почетокот на сезоната игравме во квалификациите за Лигата на шампионите и не знам кој уште од оваа фаза стигнал до полуфинале. Играчите навистина се залагаа и на ова натпреварување гледаа како на шанса, нагласи Клоп.

Тој додава дека и покрај значајниот напредок во моментов не може да каже дека со сигурност обезбедиле пласман во финалето, ниту место во Лигата на шампионите за следната сезона.

– Ако стигнеме до финалето тоа ќе биде неверојатно достигнување. Тоа ќе биде нешто што никој не го очекуваше на почетокот од сезоната, наведува тренерот на Ливерпул.

Реванш полуфиналниот натпревар меѓу Рома и Ливерпул се игра вечерва во Рим.