сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Филипче додека се фали со „АстраЗенека“, БиХ добива „Фајзер вакцини“, дали министерот прв ќе се вакцинира како што ветуваше

Филипче додека се фали со „АстраЗенека“, БиХ добива „Фајзер вакцини“, дали министерот прв ќе се вакцинира како што ветуваше

Министерот за здравство Венко Филипче деновиве на својот ФБ профил најави дека во Македонија викендов ќе пристигнат 24.000 дози од вакцината „АстраЗенека“ преку „Ковакс“ механизмот. И како што најави, со нив треба да почне вакцинацијата на населението.

-Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристигнува првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку „Ковакс“ системот, напиша на социјалните мрежи министерот за здравство Венко Филипче.

Македонија од „Ковакс“ програмата треба да добие 100.800 вакцини од „АстраЗенека“ и според претходните најави останатиот дел на дозите треба да биде испорачан во земјава во првата половина на април.

Но токму овие вакцини од „АстраЗенека“ последниве месец дена се мета на скандали, многу држави ги повлекоа од вакцинација бидејќи имаше доста починати лица од истата вакцина.

Дури и пред одреден период министерот за здравство Венко Филипче рече дека во однос на ставот на Европската агенција за лекови дека вакцината на „АстраЗенека“ е безбедна, тој рече дека посебно водат сметка и за тоа што го кажуваат националните агенции во ЕУ, кои времено го запреа вакцинирањето и ги следат сите релевантни истражувања. Тој го повтори ставот, изнесен на прес-конференција, дека за сите вакцини и лекови се води сметка да бидат соодветно испитани и да ги имаат соодветните сертификати за квалитет и да се потврдени од регулаторните тела.

-И, секако, водиме сметка што укажуваат националните агенции во овие ЕУ земји, коишто привремено го запреа вакцинирањето. Смртноста е многу помала, незначително од заразеноста и смртноста од корона, рече министерот за здравство Венко Филипче и нагласи дека ќе се вакцинира со вакцината на „АстраЗенека“ кога ќе пристигне.

Но во меѓувреме додека министерот за здравство Венко Филипче се фали дека ќе пристигнат во Македонија вакцини од „АстраЗенека“, на меѓународниот аеродром „Сараево“ деновиве се доставени вакцини на „БајоНТех“/„Фајзер“, кои Босна и Херцеговина ги зема во рамките на механизмот „Ковакс“. Во контингентот се наоѓаат 23.400 дози на вакцината на „БајоНТех“/„Фајзер“. Ова е прва испорака за БиХ преку глобалниот механизам „Ковакс“, но и најголема од почетокот на пандемијата на корона вирусот.

Министерката за цивилни работи на БиХ, Анкица Гудељевиќ, изјави дека овие вакцини ќе бидат проследени до ентитетите и до дистриктот „Брчко“.

-Оваа вакцина ќе биде проследена до ентитетите, односно до Република Србија, Федерацијата на БиХ и до дистриктот „Брчко“. Ние веќе ја подготвивме и ја доставивме документацијата за царината што побрзо да ја заврши својата работа и за вакцината што побрзо да го напушти аеродромот, изјави министерката за цивилни работи на БиХ, Анкица Гудељевиќ.

Опозицијата секојдневно станува се погласен критичар на работата на власта, особено за ненабавување навреме вакцини против КОВИД-19 со цел граѓаните да се заштитат од овој смртоносен вирус.

-Власта наместо да трча по провизии, требаше да се ангажира како да најде вакцини за граѓаните на Република Македонија. Но, за жал, без набавени вакцини сведочиме на огромни бројки на заболени и починати граѓани од корона вирусот. Заев и неговите соработници можат упорно да ја затскриваат својата неспособност, набедувајќи ги сите други како виновници, но граѓаните јасно гледаат дека овие луѓе не заслужуваат да ја водат државата и треба да сносат одговорност за сите пропусти, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија на 25.03.2021.

Најнови вести